(Видео) Борисов е спроведен во националната полициска управа – Според адвокатот ќе биде одреден 24 часовен притвор
Борисов бешеизнесен од неговата куќа во населба Банкја и одведен во Националната полициска управа.
Според неговиот адвокат Менко Менков, Борисов најверојатно ќе има притвор до 24 часа.
„Извршен е претрес во услови на итност без дозвола од суд. Нему ќе му биде одреден 24 часовен притвор. Постапката е од 17 март и не ми кажуваат за што се, нема документи освен извештајот за претрес. Од неговиот дом и лично не му се одземени предмети“, изјави адвокатот Менко Менков.
Ќе видам каква наредба ќе дадат, па ќе се видиме горе пред полициска управа. На Борисов не му беше кажано ниту зошто е приведен. Во моментов се врши претрес во домот на неговата публицистка Севдалина Арнаудова, додаде тој.
Поддржувачите на ГЕРБ се собираат пред зградата на Генералниот директорат на Националната полиција. Тие скандираа „Бојко, ние сме со тебе“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Криминалец баран со потерница е приведен на…
Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот…
Четворица Срби уапсени во Косово: Остра реакција…
Канцеларијата за Косово и Метохија потврди дека…
(Фото) Акција на МВР: Лишени од слобода…
Вчера (31.07.2024) околу 22.20 часот на локален…
Тигрите уапсија криминалец од Страчинци – пронајдена…
Во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата…