Елмас ќе го засили тимот во натпреварот со Португалија: Последен тренинг на фудбалерите пред заминувањето во Порто
Македонската фудбалска репрезентација претпладнево на комплексот на ФФМ во Скопје зад затворени врати ќе го одржи последниот тренинг пред заминувањето за Порто и пресметката против Португалија во финалето од мундијалскиот бараж ќе ја има Португалија.
Македонската репрезентација за натпреварот против Португалија ќе биде посилна за тандемот во средниот ред Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, додека во редовите на домаќините се враќаат дефанзивците Жоао Кансело и Пепе.
Финалето во Порто ќе се одигра во вторник од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ со капацитет од 50.000 седишта.
Португалската фудбалска федерација соопшти вчера дека сите билети се продадени.
По триумфот над Италија во четвртокот во Палермо, репрезентацијата на Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, е последната пречка пред македонските фудбалери за дебитантски настап на Светското првенство, кое од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…