Гугл предупредува: Руските хакери му објавија војна на НАТО
Руски хакери неодамна се обидоа да навлезат во веб-страните на НАТО и министерствата за одбрана на некои источноевропски земји, се вели во извештајот објавен во средата на Групата за анализа на закани на Гугл, соопшти Ројтерс.
Во извештајот не е наведено кои министерства биле насочени во она што Гугл го опиша како „фишинг кампањи за акредитиви“ започната од група со седиште во Русија наречена Coldriver или Callisto.
„Овие кампањи беа испратени користејќи новосоздадени мејлови до профили кои не се на Гугл, така што стапката на успех на овие кампањи е непозната“, се вели во извештајот.
Од НАТО се уште не го прокоментираа случајот.
Русија, која сега е под тешки економски санкции од Западот по нејзината одлука да ја нападне Украина на 24-ти февруари, редовно ги негира обвинувањата за зголемени сајбер напади врз западни цели.
Во 2019 година, финската компанија за сајбер безбедност F-Secure Labs го опиша Калисто како неидентификуван и напреден актер за закана „заинтересиран за собирање разузнавачки информации поврзани со надворешната и безбедносната политика“ во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…
Османи: Време е НАТО да ги отвори…
Косовската претседателка Вјоса Османи, во своето обраќање…