ДУИ: Скандалозно е како Села и Алијанса за Албанците вршат притисок врз судиите и правосудниот систем
Демократската Унија за Интеграција посочи дека денешната прес-конференција на претседателот на Алијанса за Албанците, Зиjадин Села е јавен притисок врз целиот правосуден систем и вработените во овој сектор.
-Денешното појавување пред медиумите е скандалозно, неприфатливо, досега невидено и претставува грубо и директно мешање во правосудниот систем и независноста на судството, се вели во партиската реакција. – велат од ДУИ.
Од таму соопштуваат дека суровото мешање во судовите и обвинителството зборува за менталитетот на сојузникот на Левица и Апасиев.
-Поделбата на власта во државата функционира како уставно начело и исто продолжува да функционира професионално, сите кои го прекршуваат законот одговараат пред правосудниот систем и сите последни и отворени предмети јасно покажуваат дека во земјата функционира законот кој е еднаков за сите и никој не е недопирлив пред него, велат од ДУИ.
Од ДУИ велат дека тие се единствена партија во Македонија која иницирала ветинг за судиите и вработените во правосудниот систем за да има чисти и достоинствени личности кои ќе си ја вршат работата на најдобар начин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…
ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…
„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…
ДУИ: Да одиме на избори
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…