Каде е Директорот на финансова полиција?

t

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно го искористил своето право на годишен одмор и заминал надвор од земјата, по најавата на обвинителството за гонење на организиран криминал, дека ќе има голема акција.

Арафат Муареми требаше да биде разрешен на седница на влада, откако на барање на премиерот Ковачевски не си поднесе оставка. Од Владата се уште нема официјална информација, дали Муареми е разрешен.

Арафат Муареми е инаку обвинет заедно со обвинителот Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека во случајот „Труст“ во кој првоосомничен беше Сеад Кочан ја оштетитиле државата овозможувајќи му на Сеад Кочан да го сокрие имотото кој требаше да му биде конфискуван, со непревземање на навремени јавно обвинителски дејствија.

Арафат Муареми за „Инфомакс“ вели дека информацијата дека е надвор од државата не е точна и дека тој се наоѓа во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…