Објавено на:

(Фото+видео) Вучиќ се гордее: Србија се пофали со капацитетот на армијата и оружјата, акцентот беше ставен на кинескиот противвоздушен систем

t

На воениот аеродром во Батајница се одржа воена изложба на српската војска наречена „Штит 2022“.

На изложбата на воена опрема, фокусот беше ставен на кинескиот противвоздушен ракетен систем со среден дострел ФК-3, кој пристигна во Србија на почетокот на овој месец. Учествуваа повеќе од илјада припадници на Министерството за одбрана и армијата.

На настанот присуствуваше и претседателот Александар Вучиќ.

Притоа биле прикажани околу 60 авиони, вклучувајќи модернизирани МИГ 29СМ, опремени со нови ракети воздух-воздух со среден дострел Р-77. Станува збор за рускиот пандан на американската ракета AIM-120 AMRAAM.

-Горд сум на српската армија и нејзиниот огромен напредок, рече Вучиќ.

Тој истакна дека Србија ќе ги зајакне своите борбени воздушни сили доколку нема политички пречки и дека земјата е неутрална и дека мора да најде решенија за да го зачува своето небо и држава.

-Ќе продолжиме да инвестираме во нашата армија и да ја зајакнуваме, нагласи Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…