Објавено на:

Директорот на ЦИА: Душевната состојба на Путин е таква да верува дека може да победи во војната

t

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе му донесе подобри резултати во војната.

„Наспроти поразите на руските сили во обидот да го освојат Киев и нивните борби да напредуваат долж главната линија на фронтот на југоистокот кај Донбас, рускиот лидер не го промени ставот дека неговите сили можат да ја поразат Украина“, изјави Барнс.

Барнс на настан организиран од „Фајненшл тајмс“ во Вашингтон рече дека „душевната состојба” на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната, пренесуваат британските медиуми.

„Верувам дека сега е убеден оти интензивирањето ќе му овозможи да напредува“, изјави Барнс.

Директорот на ЦИА, кој своевремено беше и амбасадор на САД во Москва, рече дека западните разузнавачки агенции не гледаат знаци дека Путин е подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје за да постигне победа во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦИА објави документи за атентатот врз сенаторот…

Американската разузнавачка агенција – ЦИА објави речиси…

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во…

Весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе…

Синот на заменик-директор на ЦИА загинал во…

Мајкл Глос, син на заменик-директорот на ЦИА…

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

ЦИА: Ковид-19 сепак, излегол од лабораторија

Централната разузнавачка агенција проценува дека пандемијата на…