Објавено на:

(Видео) Потрошил 13.000 фунти за да личи на шкотски овчар: „Отсекогаш сум сакал да бидам куче“

t

На својата животна желба, а тоа е реалистичен костим од куче, маж познат како Токо потрошил 12.500 фунти, а изработката на истиот ја нарачал од агенцијата „Zeppet“, позната по изработка на филмски костими. Оваа необична нарачка, вработените во агенцијата ја изработувале дури 40 дена.

,,Нарачав шкотски овчар бидејќи изгледа реално кога ќе го облечам. Мислев дека е најдобро да одберам животно кое е приближно моја големина, па одлучив тоа да биде куче“, раскажал Јапонецот за „Metro“.

За костимот да изгледа добро, бил повеќепати преправен и надоградуван, а Токо учествувал во целиот производствен процес. Тоа било тешка задача, особено поради количината на материјал, потребен за навистина да наликува на куче.

Процесот на изработката на костимот, Јапонецот го споделил на Јутјуб, каде за кратко време доби поделени мислења од корисниците. Во описот на неговиот канал стои дека „отсекогаш сакал да биде животно, па затоа одлучил да стане овчарско куче“.

„Ги потроши парите на ова? Барем донекаде изгледа реално“, искоментирал еден корисник, додека друг додал: „Мислам дека е најдобро да бидеш шкотски овчар! Никогаш не се менувај“.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за „убивање и мачење на…

Полициски службеник задушил службено куче од расата…

Прилепските пожарникари спасија куче коешто било потиснато…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Почина првиот човек во светот кој доби…

Ричард Слејман (62) беше подложен на трансплантација…

Куче паднало во шахта и ги изгризало…

Денеска паднато куче во шахта ги изгризало…

Куче нападна и уби 82-годишна жена во…

Сопственикот на стафордот кој уби 82-годишна жена…