Грчки весник од 1905 година: Дејците на ВМРО/ТМРО се залагаат за македонски јазик во бугарските и српски училишта

t

Грчкиот весник Скрип, на 8 јули 1905 година пишува за намерата на Организацијата (ВМРО), за воведување, односно кодифицирање на македонскиот јазик и создавање нова македонска граматика.

Тие би се употребувале во „бугарските школи“, т.е. егзархиските училишта во Македонија, но и во српските училишта. Иако дејците на ВМРО се нарекуваат „вулгари“, во написот на грчкиот весник, се вели:

„Пред неколку месеци во Битола е донесена одлука и е формирана комисија од страна на Македонската организација. Тоа тело има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе говорот којшто се зборува во Битолскиот вилает. Овој говор веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија, имаат специјална наредба. Наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот. И преку него да се постават основите за создавање на независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги. Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик.“

Овој грчки податок говори дека ВМРО (или дел од дејците) се сложувале со идеите на Крсте петков Мисирков. Според други извори, и Гоце Делчев, Даме Груев, но и Јане Сандански имале слични замисли тој период и порано.

Ова е значајно сознание за македонската национална историја, особено зашто говори за посебен македонски јазик и македонска граматика. Тоа недвосмислено говори и за идната независна Македонија, а статијата е објавена во 1905 година.

Извор: Денешен весник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Многу од најпознатите војводи на…

Александар Протогеров, Кирил Прличев, Георги Баждаров биле…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…