Траги-комедија: ДУИ ги покани лидерите на сите парламентарни партии на прославата за 20 години власт
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги покани сите лидери на парламентарните политички партии во земјата, освен Левица, да ја одбележат 20-годишнината од формирањето на партијата.
Од ДУИ за „Слободен печат“ велат дека на настанот биле поканети и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса, Билал Касами.
Од Алијансата за Албанците за „Слободен печат“ потврдуваат дека добиле покана од ДУИ за 20-годишнината. Но, според партиски извори, лидерот Села нема да учествува на манифестацијата.
Од Движењето Беса во изјава за „Слободен печат“ велат дека Билал Касами се уште нема добиено покана за манифестацијата на 20-годишнината на ДУИ. Но како што брифират од оваа партија и да ја добие, ќе ја одбие со неучество.
Покрај лидерите на политичките партии во земјава, дознаваме дека на 20-годишнината на ДУИ се поканети и политички лидери од Албанија, Косово и Црна Гора.
20-годишнината ДУИ ќе ја одбележи со две големи манифестации во Скопје на плоштадот „Скендербег“ и во Тетово на плоштадот „Илирија“ на 3 и 4 јуни, каде ќе настапат естрадни уметници од Косово и Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…
Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…
ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…
Без срам власта е подготвена да ги…
Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Албанците никогаш нема да дозволат државата…
Најновите случувања поврзани со антиевропската агенда во…