Османи: Нема дилеми дека треба, ама неприфатливо е да ги внесеме Бугарите во Уставот пред да добиеме датум
Точно е дека за време на последната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изминатиот викенд во Скопје беше кажано првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ да се одржи дури по внесување на Бугарите во Уставот, но тоа беше бугарско барање, а не е договорено, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „Само вистина“ на Канал 5.
Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање дали на средбата во саботата е договорено прво да се отвори Уставот, што би го отворило патот за меѓувладина конференција на РСМ и ЕУ.
Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во интервју за БТВ, изјави дека при последната посета на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје е разговарано првата меѓувладина конференција на Република Македонија со ЕУ да се одржи дури откако Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот. Тоа, според Петков, засега е само на ниво на предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…