Објавено на:

(Видео) Ладен туш за Македонија: Грузијците “не почастија” со три парчиња

t

Фудбалската репрезентација на Македонија го закомпликува патот кон Европското првенство (ЕП) во 2024 година преку Лигата на нациите затоа што на домашен терен загуби од Грузија (0-2) која, пак, остана перфектна по три кола и има добра бодовна залиха пред предизвиците кои следат.

  • Извештај од натпреварот:

Македонија беше таа што напаѓаше во Скопје, но домашните голови како да ни станаа болка. Од вкупно пет домашни натпревари под водство на Благоја Милевски, нашиот национален тим даде гол само на еден од нив, против Исланд, додека на останатите противниците ги сочуваа мрежите. Грузија сега е на „плус пет“ на табелата, а до крајот на Лигата на нациите има уште три кола. Следната рунда носи домашен меч со Гибралтар (недела), па уште два меча во септември.

Селекторот Благоја Милевски се одлучи за офанзивен тим и најдобрите играчи, па од првата минута против Грузијците тргна со формација 4-2-3-1, со истите играчи на кои ѝ се спротистави на Бугарија во Разград. Кај Грузијците, Сањол направи две промени, меѓу стативите го врати првиот голман Лориа, додека на крилната позиција Цитаишвили доби предност пред Азаров. Дуелот во Скопје тргна со доста прекршоци и прекини, се играше претежно на средината на теренот, а првата шанса ја имаше гостинот кога Давиташвили се ослободи од Велковски, но шутираше млако по земја во рацете на Димитриевски.

Македонија на првите можности чекаше до 13. минута, на два шута од далечина. Прво Ристовски, потоа Барди имаа свои обиди, но одбранбениот бедем на Грузија одлично блокира и пристигна првиот корнер на натпреварот. Потоа, во 17. минута добар шут испрати и Трајковски ама профуче крај дирекот. Грузијците по таа прва шанса, делуваа безопасно. Одбраната на Македонија беше одлично поставена, брзите крила Кваратшкелиа и Цитаишвили се обидуваа преку контри, но безуспешно затоа што беа добро маркирани.

На следната шанса гостите чекаа дури до 31. минута кога шутираше Давиташвили, но во Димитриевски, па на спротивната страна Македонија ја имаше најдобрата шанса кога Елмас биеше по проигрување на Трајковски, ама Лориа беше поставен на вистинско место. По првата добро изработена акција во 40. минута, Елмас имаше нова можност, но пак шутна во голманот. Конечниот резултат на полувремето беше без голови и покрај фактот дека Македонија имаше повеќе обиди кон противничкиот гол и поголем посед на топка.

Стартот на вториот дел донесе нов притисок на Македонија кој траеше пет минути, но потоа следеше несфатлив пад. Се играше 52. минута кога по една контра Грузија дојде до предност со голот на Зивзиваѕе, а десет минути подоцна, Кваратшкелија со ефектен шут од 25 метри го изненади Столе Димитриевски кој мораше да реагира подобро при тој обид. Неколку минути подоцна се потврди нок-даунот на Македонија затоа што Грузија даде трет гол, ама беше поништен поради офсајд. Во финишот на мечот Македонија крена бело знаме, а по прекин конечните 0-3 ги постави Китеишвили во 84. минута.

Извор: Гол МК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грузија доби проруски претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили, проруски…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

Илјадници проевропски демонстранти пред Парламентот на Грузија…

Неколку илјади проевропски демонстранти маршираа до грузискиот…

(Видео) Нереди во Тбилиси, се судрија полицијата…

Демонстрантите кои вечерва повторно протестираа пред зградата…