Објавено на:

Хоџај: Косово да се откаже од изолација и да стане дел од Отворен Балкан

t

Поранешниот шеф на косовската дипломатија и актуелен потпретседател на парламентот и на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, за „Топ чанел“ изјави дека Косово треба да им се приклучи на земјите од регионот во рамки на Отворен Балкан.

Вклучувањето на Косово во иницијативата „Отворен Балкан“ е неопходно. Одбивањето да стане дел од оваа иницијатива има последици во многу аспекти, а учеството во оваа регионална иницијатива е решено со Вашингстонскиот договор – изјави Хоџај.

Според него, ова е краен момент Владата на Косово сериозно да размисли, да се откаже од изолацијата и да покаже дека е за соработка.

Хоџај додава дека од економски аспект, трговијата со Србија не треба никого да плаши, а ги отфрла и аргументите на Владата на премиерот Албин Курти дека неучеството е поврзано со нееднаквиот третман на Косово во оваа иницијатива.

Апелирам до другите опозициски партии да погледнат подалеку кога станува збор за „Отворен Балкан“ за да ја убедиме владата да се откаже од изолацијата на земјата – посочи Хоџај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: На идните генерации не им треба…

Бујар Османи, во својство на претставник на…

Политичар од германските социјалдемократи тешко претепан во…

Политичарот од германската партија СПД, Матијас Еке,…

ДЕА предлага чекор кон декриминализација на марихуаната

Доколку предлогот на ДЕА мине низ законодавните…

Добри вести, пронајдено лицето кое беше прогласено…

Во спасувачка потрага синоќа е пронајдено 66-годишно…

Украина ѝ одговори на Русија по распишаната…

„Руските извештаи за наводното додавање на украинскиот…