Девет месеци нема одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница

t

Обвинителството тактизира за случајот со изгорената модуларна болница во Тетово. Девет месеци по трагедијата во која загинаа 14 лица Обвинителството не кажува кој е одговорен за трагедијата, иако предметот пред еден месец беше презентиран и пред високите органи на Јавното обвинителство кои се запознаени кај кого евентуално би била вината за пожарот.

„Во тек е изготвувањето на јавнообвинителската одлука во предметот. Станува збор за комплексен предмет во кој е потребно внимателно и прецизно да се објаснат сите аспекти на утврдената кривична одговорност и да се наведат сите докази што одат во прилог“, наведоа од Обвинителството.

Од Обвинителството велат дека досега нема спогодба со ниту едно лице инволвирано во процесот. Алсат неодамна објави дека тетовското обвинителство има индиции за сторено кривично дело, како и дека случајот е пред обвинение за три физички и едно правно лице. Но, ваков чекор досега не е преземен.

Случајот требаше да има епилог по пристигнувањето на извештајот од Германија за причините за пожарот. Таа анализа пристигна во јануари и ги покажа истите наводи како на крим – технката на МВР, дека пожарот е настанат од продолжен кабел.

На 8 септември до темел изгоре тетовската монтажна болница. Во неа, покрај персоналот, имаше 26 пациенти и нивна придружба иако тие не требаше да бидат присутни таму зашто беше забрането да се посетуваат ковид пациенти. Во пожарот изгореа 12 хоспитализирани лица и двајца кои ги придружувале своите роднини во болницата. По пожарот оставки понудија тогашниот министер за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, но не ги прифати тогашниот премиер Зоран Заев. Сепак, тие не останаа во новата Влада што ја формираше Димитар Ковачевски. Оставки од директорските функции дадоа првите луѓе на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми.

Извор: Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…