Хакери велат дека “ги паднале” владините веб-сајтови – Рама демантира
По информацијата дека непознати хакери побарале милионска сума од албанската влада за ги вратат владините и јавните веб-страници во функција, се огласи премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа се шпекулации.
„Вестите дека хакери побарале 30 милиони евра од владата, за да ги вратат онлајн услугите во функција, се шпекуплации. Зад софистицираните хакерски напади стојат две земји“, истакна Рама, не наведувајќи за кои земји станува збор.
Тој додаде дека НАТО е вклучен во напорите за заштита на Албанија од хакерски напади.
Како што вели Рама, битката со оваа појава сѐ уште не е завршена и Националната агенција за информатичко општество прави сѐ за да ги врати системите во функција.
Тој уште еднаш им гарантираше на граѓаните дека личните податоци им се безбедни.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…