Објавено на:

Уапсен осомничен за палење на возило во Прилеп

t

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.К.(47) од Прилеп.

Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило “бмв”, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „Предизвикување општа опасност” по чл.288 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница

Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…

(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…

На старите градски гробишта во Прилеп не…