Пендаровски: Неодамна се слушнав со Мицкоски, со Заев разменив неколку пораки
Односот на ВМРО-ДПМНЕ се смени откако му го дадов мандатот на Зоран Заев, кој направи Влада во 2021 година, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто објавено во двобројот на неделникот „Фокус“.
–Јас имав добра стартна основа, зашто сум прв претседател што е признаен од опозицијата. Договоривме заеднички датум за предвремени избори со опозицијата. Но, мислам дека односот се смени откако му го дадов мандатот на Заев, кој ја направи владата во 2021 година. Меѓутоа, јас сум чист дека постапив согласно Уставот и дотогашната политичка пракса на двајца мои претходници. Кај нив, за жал, доминираа партиските наместо државните резони, но тоа е нивно право – рече Пендаровски.
Сепак, тој посочува дека се уште одржува одредена комуникација со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
-До пред некој месец-два имав телефонска комуникација, не дека ги имаме урнато сите мостови, но во основа нивната реторика кон мене тргнува од чисто партиски позиции. Факт е дека сѐ помалку комуникација имаме за обични работи. А на ниво на лидери, Заев имаше почеста комуникација со Мицкоски отколку сега Димитар Ковачевски со Мицкоски – посочува Пендаровски.
Тој додава дека со поранешниот премиер Заев разменил две-три пораки во последните месеци, истакнувајќи дека двајцата не разговарале за ниедна политичка тема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…