ДУИ: Официјален албански јазик, непречена употреба на симболи- Охридскиот договор го одржува прозападниот курс на државата
Демократската унија за интеграција им честита на сите граѓани на државата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, правниот акт кој ги утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, велат од ДУИ во партиско соопштение.
Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот.
Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година.
Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија. Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…