Кина ја одобри првата инхалаторна вакцина против Ковид-19
Кинескиот регулатор за лекови ја одобри првата инхалаторна вакцина против Ковид-19 во светот, направена од производителот CanSino Biologics од Тијанџин, со што цената на акциите на компанијата денеска се зголеми за 7%.
Националната администрација за медицински производи даде зелено светло за вакцината за итна употреба како засилувач, се вели во соопштението на компанијата за берзата во Хонг Конг во неделата.
По објавувањето, акциите на компанијата утрово пораснаа за 14%, пред да се затворат за 7,1% повисока од нивната почетна вредност.
Вакцината без игла, која може да се чува и да се администрира полесно од интрамускулните инјекции, ќе се администрира преку небулајзер, соопшти компанијата.
„Одобрението ќе има позитивно влијание врз резултатот на компанијата доколку вакцината биде купена и употребена од релевантни владини агенции“, се додава во соопштението.
Компанијата не понуди детали за тоа кога вакцината за аденовирус ќе биде достапна за јавна употреба. Нема јавно достапни потврдени или рецензирани податоци за ефикасноста на новата вакцина.
Научници од повеќе земји, вклучително и Куба, Канада и Соединетите Американски Држави, исто така тестираат инхалирани вакцини за Ковид-19.
Досега, Кина одобри осум други домашни вакцини за инјектирање од 2020 година. Но, регулаторот за лекови во земјата допрва треба да стави зелено светло за странските вакцини, вклучително и инјекциите на mRNA направени од Pfizer/BioNTech или Moderna, кои имаат подобри стапки на ефикасност од другите видови вакцини.
Кина е единствената голема економија која се придржува до политиката за нулта Ковид, што го нарушува патувањето и бизнисот. Официјални лица низ целата земја сега се под притисок да ги задржат локалните епидемии на вирусот пред клучниот политички состанок следниот месец.
Јужниот технолошки центар Шенжен, дом на повеќе од 18 милиони луѓе, во саботата воведе блокада за викенд на повеќето делови од градот, додека повеќе од 21 милион луѓе во југозападната метропола Ченгду беа подложени на масовно тестирање од понеделник до среда.
Повеќе од 3,4 милијарди вакцини се администрирани во Кина, објави денеска Националната здравствена комисија, без да понуди детали за процентот на вакцинирана популација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…
Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…
Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…