За влакно избегната трагедија: Бебе падна од втор кат од градинка во Белград

t

Бебе родено во 2021 година, во придружба на неговата мајка, било примено на Детската универзитетска клиника на улица Тиршова во Белград.

Првите резултати од истрагата укажуваат дека машкото бебе било повредено откако паднало од прозорецот од вториот кат од спална соба во градинката „ТРЧУЉАК“ на улицата Миљаковачка стазе во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Веднаш била испратена полициска патрола.

Засега е утврдено дека бебето паднало од висина од околу 7-8 метри.

Неофицијално, наставничката вели дека детето го искористило нејзиното невнимание, се качило на масата што била до отворениот прозорец и паднало низ прозорецот.

– Моето дете е добро, фала богу. Сите анализи се направени, скенерот, се е во ред. Немам сила да зборувам за несреќата, сфатете ме – рекол таткото на детето кој дошол во градинката да си го земе ранецот.

Засега од оваа предучилишна установа не сакаат да дадат информации, ниту да го коментираат случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…

Турски државјанин на возраст од 25 години…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…

Утрово во центарот на Белград е убиен…

Тешка несреќа во Белград: Трамвај се заби…

Во белградската населба Дорќол утрово се случи…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…