Одамна немам контакт со Мицкоски – не дозволувам оддработување за лични интереси
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во вестите на “Канал 5” телевизија истакна дека одамна нема контакт со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситијан Мицкоски и дека нема да дозволи било какво политичко влијание во Град Скопје.
– Ние немаме контакт одамна, оние контакти кои сме ги имале биле во насока да се реализираат оние програмски активности од програмата на Град Скопје. Јас како човек избран од скопјани нема да дозволам никакво политичко влијание во Град Скопје. Тоа сметам дека треба да се превенира да се случува во секое од овие јавни институции каде Градот е основач. Сметам дека сум должна кон сите граѓани, и кон тие што ме гласале и кон тие кои не ме гласале, ветив дека ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Во секој слуќај благодарна сум за довербата која ми беше укажана и јас сметам дека јас таа доверба нема да ја изневерам. Доколку некој сметал дека таа доверба треба да биде да одработувам за нечии лични интереси тоа нема да се слуќи. Пред се како човек од прв ден кажав дек ќе бидам протов корупција, против тоа да има било какви политички влијанија и верувам дека на тоа ќе останам достојна до крајот на овој мандат, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…