Личниот хир на Мицкоски ја уништува и последната про-опозициска телевизија „Алфа“

t

Како колега новинар, навистина ми е тажно кога катадневно ја гледам бедата во која се дави единствената про-опозициска телевизија. Навистина, би сакал овој текст да го сфатат како обид за помош. Навистина сакам да сфатат колегите, дека новинарството е седма сила. Дека политичарите зависат од нив, а не обратно. Дека нема цена за образот. Знам и дека имаат проблеми со платите, па се чувствуваат како некој да ги држи на краток ланец и затоа мораат да бидат послушни, инаку во спротивно нема да ги добијат ниту оние чесно заработени пари.

Но колеги, некогаш треба и да ги одбиете нарачките. Новинарството не се работи по секоја цена.

Каков ви е овој текст?

„Скопјани се понезадоволни од Данела Арсовска“

Врз основа на кои мерења? Кои анализи?
Чувството на лидерот од кој ви зависат платите не е релевантно мислење, напротив, тоа е личен хир и лечење фрустрации врз ваш грб.

Прочитајте ги само коментарите под објавата на веста.

Брука.

Зошто мислите дека луѓето веруваат и се лесно манипулирани. Зошто мислите дека не гледаат дека хајката започна ден по разоткривањето на криминал во Водовод? Зошто мислите дека луѓето не знаат дека Данела му го шлапнала рачето од медот на „лидерот“ кој ве злоупотребува?

Ова колеги е работа за безрбетници како оние психијатриски случаи кои никогаш не успеале во новинарство, ама безделничат по цел ден на фејсбук – и добиваат поголема плата од вас.

Не се брукајте.

Коментариве се од вашата објава на Фејсбук, читајте ги како лекција, не како критика.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…