На кое дереџе падна Мицкоски: Лично им вртел на директори на средни училишта до петок да си поднесат оставка?!
Минатата недела градоначалничката на Град Скопје го разреши директорот на ЈП “Водовод и канализација”-Скопје, поради самовоиле и несоодветно постапување во тендерска постапка, а како што вели градоначалничката има индиции дека Златко Перински се обидувал да влијае, односно намести милионски тендер за изградба на пречистителната станица за Скопје.
Кратко после тоа започна организиран напад врз Арсовска, а најпрво оставки поднесоа директорите на јавни претпријатија кои се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Се чини ситуацијата отишла и подалеку откако вчера Арсовска јавно го повика “шпицниот градоначалник” Мицкоски да не се крие и во очи да ѝ каже што има, како и констатацијата на Арсовска дека тој никогаш нема да излезе од “тендер матрицата”.
Фејсбук профилот Јован Кукузел пишува дека Мицкоски им се јавувал на директорите на скопските училишта кои се кадри на партијата да поднесат оставки.
“На кое дереџе падна @MickoskiHM
… Замислете деновиве лично им вртел телефонски на директорите на средните училишта од ВМРО кои се под надлежност на Град Скопје, до петок да си поднесат оставка!
Циркузијадата продолжува…
Да го потсетам ВМРО дека за ниту еден градоначалник од СДС и покрај очигледниот криминал кој го направија немаат новите градоначалници поднесено тужби
Нивните градоначалници уште се влечкаат по судови за недокажани криминали
И ни еден џаболебар не отпуштија”, стои во објавата на Фејсбук.
Инаку денеска Финансиската полиција и МВР влегоа во “Водовод и канализација” и соопштија дека за тоа е известен надлежен јавен обвинител кој ќе започне соодветна постапка доколку од приберените докази се покаже дека имало сторено некаков криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…