Жално: Околу 700.000 Македонци живеат надвор од државата – Секој четврти Македонец е иселен!
Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“.
Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан каде е околу 10 проценти.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, смета дека младите не треба да се задржуваат, туку треба да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот.
– Скоро секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме младите дома“. Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или некогаш бил млад знае дека да ги задржиш било каде не е никогаш опција, истакна Битиќи.
Според него, тоа што мораме да го направиме како земја е да не ги избегнуваме нашите проблеми туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно во дијалогот да ги вклучиме и младите. Тоа е она што го бараат младите од нас.
Амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероника Улман, се осврна на пораката на вицепремиерот Битиќи за тоа како да се вратат младите во сопствената земја.
– Студијата прво обезбедува одредени препораки како на пример, идентификација на паметната трансформација на образовниот систем којшто ќе обезбеди повеќе можности на македонската работна сила и со тоа ќе го зголеми националниот стандард на живеење. Преку оваа програма Швајцарија веќе зема учество во овие напори, истакна Улман.
Таа изрази поддршка кон Владата на Македонија за да го усогласи својот стручен образовен систем со пазарот на труд, да воспостави соработка помеѓу образовните институции и иновативниот еко-систем и придонес во развојот на мали и средни претпријатија, и старт-ап бизниси.
– Исто така, големата дијаспора со потекло од Македонија живее во Швајцарија. Поради тоа сме директно заинтересирани да ги идентификуваме заедно со вас точките преку кои ќе можеме да ја поттикнеме оваа дијаспора и протокот на знаење и експертиза. Се надевам дека денешната дискусија ќе донесе конкретни решенија и ќе поттикне нови активности во оваа насока, додаде амбасадорката на Швајцарија.
Амбасадорот на Австрија во Скопје, Георг Вуцас, рече дека Австрија е поддржувач на Македонија и западнобалканската шесторка да се приклучи кон Европската Унија и оти Австрија би сакала овие преговори да завршат без одложување за земјава да се приклучи што поскоро кон ЕУ.
– Австрија и ЕУ сакаат да видат развиен Западен Балкан којшто се приклучува, не испразенто општество особено од нивната младина и висококвалификувана работна сила. Австрија не е главната дестинација на миграцијата од Македонија, но и покрај тоа има прилично голема миграција од оваа земја кон Австрија, истакна Вуцас и додаде дека Австрија нуди неколку програми и иницијативи коишто се насочени кон одвраќање на овој тренд на празнење на интелектуалната сила од државава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…