Објавено на:

Гвардиола ја откри главната разлика помеѓу Халанд и Меси

t

Ерлинг Браут Халанд не запира со голови откако дојде во Манчестер сити, веќе има 14 на контото, даде експресно три хет-трика за осум меча во Премиерлигата и најави дека ама баш сите рекорди ќе ги урне.

И како по обичај веднаш почнаа споредбите со најголемите на денешницата, па и со седумкратниот освојувач на „златната топка“, Лионел Меси, по што Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“ и екс-тренер на Меси во Барселона ја откри разликата помеѓу двете суперѕвезди со која јасно стави до знаење – кој секогаш ќе биде подобар.

„Постои голема разлика меѓу Ерлинг и Лео. На Ерлинг му требаат соиграчи за сето ова да го оствари и тоа што го прави е неверојатно. Меси од друга страна – сѐ можеше сам“, рече Гвардиола.

Меси под палката на Пеп на 218 меча во тој период на доминација на Барселона даде 211 гола.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на…

Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас,…

Нападнат маж во Берово

Денеска (05.05.2024) во 04:30 часот во Полициска…

Во вторник нова цена на горивата

Задутре во вторник, првиот неработен ден следната…

Половина тон кокаин запленет во Британија

Четворица мажи се уапсени откако половина тон…

Руската црква му одговори на Зеленски: Господ…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја протера канонската…