(Во живо) БРУКА: Тројца адвокати наплатиле скоро 400.000 евра за адвокатски услуги во ЈП “Водовод и канализација”
Уредникот на Инофмакс, Александар Митовски, во денешната епизода на “Тешки муабети” најави дека во следниот период ќе биде објавено детално како во ЈП “Водовод и канализација” тројца адвокати наплатиле скоро 400.000 евра за адвокатски услуги.
– Имаме ситуација каде во ЈП “Водовод и канализација” се наплатени 380.000 евра за тројца адвокати и се бунат од ВМРО-ДПМНЕ зошто Данела Арсовска им го избркала директорот или директорите.
Тоа се 400.000 евра за едно претпријатие за шест месеци за само едно претпријатие, а каде се другите?
Тоа е таму направено салата. “Паркови и зеленило” плата не може да земат луѓето вработенинте, ама адвокатите земале пари. Тие сите се адвокати согласно тоа што сум го истражил се или членови на партиската правна комимсја на ВМРО-ДПМНЕ или се пријатели на лидерот, луѓе кои сме ги гледале на фотографии со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, или е тие лично или луѓе вработени во нивните канцеларии.
Тоа е страшно, а има правна служба. Зошто има правна служба ако треба вака да се плаќаат адвокати? – прашува Митовски.
ЛИНК од емисијата во живо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…
Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…
Три лица со дрвени и железни палки,…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…
Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…