(Видео) На кого му одговара Мицкоски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на народот или на СДСМ?

t

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во вчерашната епизода на “Тешки муабети” праша на кого му одговара Христијан Мицкоски да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ? Дали на народот, на членовите на партијата или на СДСМ?

– Јавноста знае какво мислење имам за екс директорот на УБК, Мијалков и таа екипа бидејќи јас најмногу сум пишувал. Ама реалната ситуација да ја погледнеме.

Пред иницијативата да биде завршена за таа група, таканаречената “мериот” група, јас знам од мои извори дека од таа страна било побарано само власта да не се меша во судската постапка, кога ќе ја поднесат нели иницијативата за вонреден конгрес да не се меша власта кај судијата, да не ја блокира иницијативата. Само тоа било единственото барање. Имам релевантна, кредибилна информација, која нормално нема да кажам од кој извор.

Еден ден по најавата дека ќе се поднесе иницијативата во суд Мијалков е уапсен, против неколку други луѓе се започнуваат кривични постапки и следниот ден по апсењето ан Мијалков има лидерска средба Мицкоски-Заев.

И ти сега ќе ми кажеш на мене дека не се договорени? И дека не му одговара на СДСМ Христијан Мицкоски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто тогаш му помагаа, го спасуваа од иницјативата за вонреден конгрес?

Затоа што е јасно во таа ситуација дека еден или двајца-тројца има во таа партија кои можат да покренат таква иницијатива, другите не можат и ако го тргнат тој човек нема да се случи, вели Митовски.

Тој објаснува дека ден по апсењето на Мијалков имаше лидерска средба Мискоски-Заев на која се договорени двојазичните лични карти.

– После апсењето на Мијалков имаше лидерска средба Мицкоски-Заев на која беше договорено носењето на двојазичните лични карти, албански службен јазик. На кого му одговара Христијан Мицкоски да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на народот, на членовите на партијата или на СДСМ?

Мислиш дека ќе има некаква постапка за овој текст и оваа пљачка? Нема да има, јас ќе се изненадам ако има…

Ако се сакаше да се преземе мнозинството се излага така со селфи со пратениците кои треба да ја бутнат власта, со список потпишани, сликани кои се пратениците? Така се презема власт? Така се прави мнозинство? И на кого му одговара Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ освен на СДСМ?

Ти доби концесија за хидроцентрали? Јакимовски доби концесија за фарма за марихуана? Или доби еден од најблиските бизнис партнери на Мицкоски? Кој продава струја на државата? Продаваат овие кои ќе бидат објавени јавно.

Имаше една луда идеја кога беа поставени директорите, пречистителната станица која сега е спорна затоа што се договарале кој да ја гради, пречистителната станица да била адаптирана во мини хидроцентрала, имаше таква иницијатива. Кој работи со мини хидроцентрали, Мицкоски и Анѓушев.

И сега Мицкоски и компанија влагаат во бизнисот за производство на електрична енергија од соларни панели во Гази Баба!

На кого му одговара Мицкоски да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ? На членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓанинте на Македонија или на СДСМ? – прашува Митовски.

Целата емисија може да ја гледате во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…