ЕУ со најниска оцена за пратениците: Тепачки во Собрание и искористување на европското знаменце
Најголемата забелешка во најновиот извештај за подготвеноста на Македонија за членство во ЕУ е упатена кон Собранието, со критики за премногу зачестеното користење на скратената постапка под европско знаменце, односно како и премалата употреба на институтот пратенички прашања.
Закочената работа на Собранието е меѓу главните забелешки во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија и за нејзината подготвеност да ги преземе обврските за членство во ЕУ, каде што се нотирани забелешките за недоволно носење закони, премногу зачестеното користење на скратената постапка под европско знаменце, како и премалата употреба на институтот пратенички прашања, а токму овие забелешки вчера беа во фокусот на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ опозицијата и нејзината „активна блолада“ е виновна што законодавниот дом е неефикасен, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и ЕК го препознала самоволието на спикерот Талат Џафери, пренесува “Слободен печат”.
Според вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, анализата на Извештајот покажува дека земјата има одржливи реформи и препознаен напредок, а според меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, документот ја покажува системската негрижа на Владата за спроведување на реформите во општеството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…