Градот Скопје активно работи за граѓаните, пријавете проблем во секое време

t

Градот Скопје активно работи за граѓаните, пријавете проблем на [email protected]
На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] во последната работна недела пристигнато е 41 барање и предлог од граѓаните, од кои решени се дури 40.

Најголемиот број граѓани во текот на изминатата недела пријавиле проблеми со бездомни кучиња, побарале кастрење на суви дрвја и гранки, пријавиле проблеми со подигањето на комуналниот отпад, а дел од прашањата се однесуваат и на данокот на имот.

Проектот „Отворен град 24 часа“ овозможува граѓаните брзо и лесно да пријавуваат проблеми. Целта е да се поттикне ефикасно и ефективно работење на градската администрација, кое ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и преку непосреден однос со граѓаните ги решава нивните проблеми.

Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на барањата на граѓаните што пристигнуваат на адресата [email protected] или да ги решат во најкраток можен рок со што се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банкротираше позната банка во САД!

Проблематичната регионална банка со седиште во Филаделфија,…

Путин нареди воени вежби на тактичко нуклеарно…

Русија денеска соопшти дека ќе одржи воена…

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се…

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј…