(Фото) Ковачевски разговараше со Макрон и Шолц за европската иднина на Македонија

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тирана се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, каде, како што напиша на Фејсбук, зборувале за европската интеграција на Македонија.

– Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Македонија.

Денеска за време на Самитот во Тирана разговаме за актуелните процеси во Република Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…