Во американскиот Конгрес поднесена резолуција за исфрлање на Русија од ОН
Американските конгресмени Стивен Коен и Џо Вилсон поднесоа на разгледување до Претставничкиот дом нацрт-резолуција во која го повикуваат американскиот претседател Џо Бајден да побара исклучување на Русија од Советот за безбедност на ОН поради настаните во Украина, пишува „Форин Полиси“.
Двајца конгресмени, кои ја претставуваат Комисијата за безбедност и соработка во Европа, тврдат дека Русија ја „прекршила Повелбата на ОН“ со своите постапки во Украина, што наводно го доведува во прашање нејзиното право да продолжи да има место во Советот за безбедност на ОН. Затоа, Коен и Вилсон бараат од Бајден да преземе чекори „за ограничување на привилегиите на Русија во ОН“.
Весникот потсетува дека резолуцијата не е обврзувачка и е само препорака до Белата куќа.
Интересно е што пред почетокот на Втората светска војна СССР беше исфрлен од „Лигата на народите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…