Грција: Државата ќе покрива 10 отсто од набавките на секое домаќинство

t

„Од февруари следната година, државата ќе покрива 10 отсто од набавките на секое домаќинство за шест месеци во супермаркетите и претпријатијата за производство на храна (пекари, кондиторски производи, рибници)“, изјави Мицотакис во парламентот пред гласањето за буџетот за 2023 година.

Поединците ќе добијат најмногу 220 евра. За многудетните семејства со повеќе членови, вкупната сума ќе биде ограничена на 1.000 евра.

Мерката е наменета за домаќинства со приход од 24.000 евра по пар, со дополнителни 5.000 евра за секое дете.

Мицотакис, исто така, рече дека субвенциите за електрична енергија и природен гас ќе останат во сила.

„Вкупно над осум милијарди евра ќе бидат распределени на национално ниво“, рече тој.

Инаку, 2023 е изборна година, изборите во грција се закажани за јули но мицотакис рече дека тие би можеле да се одржат на пролет.

Грчката влада од февруари шест месеци ќе субвенционира 10 отсто од набавките за храна на секое семејство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…

Мицкоски во работна посета на германската покраина…

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…

Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…

Македонија планира да создаде услови за привлекување…

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…

Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…