(Фото) Запознајте го Ване, првото бебе родено во 2023 година
Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00:01 часот.
Бебето е машко, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9.
Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.


Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.
Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.
-Една минута после 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. После 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…