Лазаров: Да научиме како да победуваме и да играме без емоции
По двата воведни убедливи порази од Норвешка и Холандија, македонската ракометна репрезентација утревечер (18 часот) во Краков е пред императив да ја совлада Аргентина во последното коло од групата Ф и со победа да избори пласман во главната рунда од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.
-Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите шеесет минути, изјави селекторот Кирил Лазаров на денешната средба со новинарите во Краков.
Рече дека доколку сакаме да славиме, мора да бидеме сконцентрирани.
-Треба да учиме од грешките, имаме многу простор за напредок. Доколку сакаме да славиме, мора да бидеме сконцентрирани и фокусирани, да се обидеме да играме без голема емоција, едноставно да научиме да победуваме. Се надевам ќе бидеме комплетни, иако ситуацијата со Томи Јагуриновски не е сјајна, рече Лазаров.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…