Цуцуловски: Престанете да врескате по народот, основната опасност и провокација за македонскиот народ доаѓа токму од оваа власт и нејзината политика на т.н. добрососедски односи
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по вчерашната седница на Советот за безбедност изјави дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе биде настан од висок безбедносен ризик.
Пендаровски потенцираше дека македонските надлежни органи нема и не смеат да останат неми и дека ќе бидат преземени сите мерки за обезбедување на мирна атмосфера за одбележување на денот, а додаде и дека обезбеден ќе биде и целиот пат од граничните премини на Бугарија со Македонија до црквата Свети Спас.
Пендаровски нагласи дека на церемонијата ќе бидат пуштени само пристојни делегации, а на сите оние кои ќе ги провоцираат Македонците ќе им биде забранет влез.
Ваквите изјави ги коментира професорот Љубомир Цуцуловски кој на Фејсбук напиша:
– ПРОВОКАЦИЈА. Постоела опасност на 4-ти февруари да дојде до сериозни провокации, предизвикани и од македонските учесници во прославата на роденденот на Гоце Делчев. Можеби. Меѓутоа, не смее да се изуми дека основната опасност и провокација за македонскиот народ доаѓа токму од оваа власт и нејзината политика на т.н. добрососедски односи. Ова мора да се сфати и да се прекине со неартикулираното врескање по народот.
ЛИНК од објавата на Цуцуловски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…