Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ! Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, апелира на смиреност за време на прославата по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а и во текот на денешниот ден.

Спасовски ги повикува заинтересираните граѓани кои сакаат да бидат дел од настаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации доколку било кој повикува на насилство и немили натсани.

Во продолжение апелот на Спасовски:

Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев.

Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!

Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.

Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого

Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.

Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.

Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.
Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.

Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.

Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.

Секој да овозможи чествувањето на 4 февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.

Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата!

ЛИНК од објавата на Оливер Спасовски на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…