Добро утро со Инфомакс: Чуј! – загрме, глас сја одзива – Ја сум Божји гнев, народен глас!

t

На денешен ден, 15 февруари 1839. година се родил, а на истиот ден во 1877 година починал големиот македонски преродбеник, поет, публицист, преведувач, Ксенофонт Ѕинѕифи, односно Рајко Жинзифов.

Роден во Велес во влашко-гркоманско семејство по потекло од Москополе (јужна Албанија), а доселено во Велес од Битола. Татко му Јоан Ѕинѕифи имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес. Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде тој и Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.

Во Москва, во 1863 година ја издал својата прва и единствена стихозбирка која содржи негови песни, како и препеви од руски, украински и чешки јазик.

Тој е најпознат по неговата поема „Крвава кошуља“, а исто така се смета дека е творец на првиот расказ на македонски јазик „Прошедба“.

Добро утро Македонци, уживајте во “Глас” во чест на Рајко Жинзифов.

Глас – Рајко Жинзифов

Далеч од баштина, далеч од роднини,
Не в чужда за мене земја,
В полјани кичести, зелени долини,
Самичак в планина шетам ја.
Ја сја расхождам, но на душа ми тешко
И једни мисли мене борат,
И мене стават то студено, то жешко,
И чувства то гаснат, то горат.

Ја искам сенка, ја искам прохлада,
Душевна ја искам тишина,
Че клето ми срце доста вече страда,
И сја нагледа всекаква злина:
Коварство сос бедност, сос гордост лукавство,
Сон мртов, глупава простота,
Љубов на слова, и слога без братство,
И хитрост, л`жлива доброта.

„Безумец, безумец душа ти ленива,-
Ја чух невиден и таен глас –
Спрегни плуг за заборавената нива,
Че блиска ет доба, близок ет час.
Стани, земи остен в р`це, работај
Ти ден и ношт, сос пот,
Истреби трње, исчисти троскот, изорај
Бесплодна нива да дадит плод.

Стани, безумец сос молитва горешта
Ти клетва дај, стори си крст,
Стани ти, иди напред, иди на срешта,
Но бој сја, бој сја, Божји прст“.
– Готов сум, сја к`лнам, да изорам нива.
Кажи кој си ти, невиден глас?
„Чуј! – загрме, глас сја одзива –
Ја сум Божји гнев, народен глас!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…