Пролет и Еурофарм Пелистер без проблеми, Алкалоид чекор поблиску до завршниот турнир во Купот
Екипите на Пролет и Еурофарм Пелистер први обезбедија место на завршниот турнир на македонскиот ракометен Куп, откако денеска не дозволија изненадувања на дуелите на кои беа големи фаворити. На еден чекор до ваков резултат се и Вардар и Алкалоид.
Пролет прв го завери пласманот во следната фаза со триумфот над вториот тим на Еурофарм Пелистер со 30:26, а потоа и првиот тим на Пелистер очекувано без проблеми го совлада Тиквеш. Битолчани славеа со 36:30 и повторно ќе имаат можност да се борат за престижниот трофеј на завршниот турнир.
Драматичен финиш одиграа Алкалоид и Бутел, а со гол во последните секунди на Серафимов, новиот суперлигаш славеше со 25:24 и во финалето денес на својата група ќе се бори за пласман на завршниот куп турнир.
Противник на Алкалоид ќе му биде Вардар Неготино, додека шампионот Вардар 1961 ќе биде голем фаворит против Скопје во својата група.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…