Османи: Косовски политичар кажа дека Ахмети е архитект на модерна (Северна) Македонија

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде се разговараше на теми поврзани со уставните измени, тензиите во ДУИ, митингот на ДУИ во Чаир, преговорите меѓу Белград и Приштина, како и за надворешната политика на Македонија.

„Видете, како што вели еден аналитичар од Косово, Али Ахмети е архитект на модерна Северна Македонија. Неговата визија за државата е европска држава, сите заедно да чекориме кон ЕУ – Македонци, Албанци и сите други заедно.

Јас сум министер за надворешни работи на Северна Македонија. Моите јавни изјави се државни ставови, не се лични. Ние имаме одлични односи и со Косово и со Србија и сакаме овие две држави да најдат компромис“, истакна Османи.

Вели и дека откако е дојден како МНР, модифициран е ставот на МНР кон прашањето меѓу Косово и Србија.

„Нашиот став сега гласи: „Ние поддржуваме спроведување на договорот меѓу Косово и Србија, кој води кон меѓусебно признавање на двете држави““, порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…