Над 3.000 странски работници веќе се во Македонија

t

„Квотата од 5000 странски работници е пополнета со 3000 и нешто“, рече денеска во изјава за новинарите вицепремиерот Фатмир Битиќи, прашан за доаѓањето на странски работници, кои би се согласиле да работат за македонска плата.

Тој посочи дека ниедна влада во светот не го регулира „увозот“ на странска работна сила.

„Нема ниедна држава, каде владата тоа го регулира. Дискусијата стана, понекогаш на ниво на шега за увозот на работна сила, но јас сум кажал – решенијата долгорочно ги бараме кај нашите сограѓани коишто конечно треба да сфатиме сите дека треба да се одважиме и доживотното учење не е само на хартија и не е само збор што понатаму треба да го зборуваме, туку треба да се доквалификуваме и преквалификуваме и да бидеме во тек со новите работни места кои се отвораат. Квотата од 5000 е пополнета со 3000 и нешто. Додека ние дискутираме е затворена, веќе ги има. Додека ние дискутираме, приватниот сектор веќе ги наоѓа решенијата сам. Но, јавната расправа, сакале ние како носители на јавни функции се одвива. Подобро да разговараме отколку да оставиме стихијно да се случуваат работите“ – рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…