(Видео) Бербок “му удри штикла” на Мицкоски: Молеше за средба, а доби колачиња во двор

t

Министерката за надворешни работи на Германија пред неколку денови беше во посета на Македонија, се сретна со претставници на државниот врв, на пратеничките групи во Собранието, а имаше и несекојдневна средба со претставници на опозицијата, меѓу кои и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Нетипичната средба се коментираше и во Тешки муабети каде Филип Петровски, инаку доктор на науки и поранешен конзул на Македонија во Њујорк, а со тоа и познавач на дипломатските односи, објасни дека ваквата средба покажува дека средбата не е однапред планирана туку инцидентно закажана и одржана.

– Тоа е колку да им се удри штикла. Протоколот на Бербок ако го гледаш, ќе видиш дека таму кадешто идеше беше примена на највисоко ниво и имаше највисоко ниво на протокол од нејзината страна и на дипломатско однесување.

А, овдека кога ги видов дека си седат во двор, тоа е типичен показател за тие што се упатени дека е про форма средбата или се покажува дека нивото на луѓето со кои се сретнуваш не е исто како на државен врв. У суштина, кога сакаат да те испочитуваат има како, ќе ги примат во амбасада, сите имаат протоколарни соби, може да се деси утре да дојде претседател, амбасадор, тие имаат протоколарни соби или може да закупат просто, а вака, според мене, покажува дека беше манифестација не протокол туку средба ради реда да се каже дека се сретнале, вели Петровски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, додава дека во агендата која им била поделена на сите медиуми, не било предвидено Бербок да оствари средба со Мицкоски.

– Бербок во МНР кажа дека нема време да се сретне со сите со кои сака да се сретне, тоа с епратениците од опозицијата и оние кои ѝ се во агенда, во агендата стоеше Претседателот, Прмиерот, МНР, пратениците. На прашање дали ќе се сретне со Мицкоски таа рече дека нема време, ќе дојде во ноември-декември пак и тогаш планира средба со другите со кои не се сретна денес, кажа дека сака да оди и во Охрид.

Индикативно ми е тоа дали тие молеле, ургирале, Бербок да одвои некоја минута за да направат некоја фотосесија, за да кажат еве се сретнавме и ние, не сме изолирани, не играат и нас.

Го видовте видеото како во кујна беше ставен да чека Мицкоски со потпретседателите, Филип забележа дека масата е наместена ама не беше наменета за нив. Гости секогаш доаѓаат во просторијата наменета за посета, сите претходно кои доаѓаа, а имаа средба со Мицкоски одеа во штаб ако сакаат, ако не ништо. Мене не ми еше јасно дали тие молеле да се сретнат заради суета Дали ургирале, молеле да се сликаат со Бербок. Масата е наместена за ручек со некој друг не со нив, жената им даде колачиња и кафе, вели Митовски.

Филип Петровски го објасни моментот од протоколарен аспект и смета дека средбата е вметната во агендата дополнително колку да се каже дека е остварена.

– Јас видеото не го знаев, видов слики од надвор и сфатив дека ова не чини по протокол. Во суштина средба со премиерот, знамиња, државни грбови, фин протокол и имаш слика во некој двор седат тие. Ова покажува кај него одбранбен гард, тоа покажува несигурност, проверете некој психолог. Тој си е секогаш во гард, тој има што да крие. Поиндикативно е тоа што тие стојат пред наместена маса, не им вика седете тука ќе дискутираме, вели ајде во двор. Значи масата е наместена за неа со некој друг, толку е. Што и да е, дали тие барале да се видат или ги викнале па ги истретирале како што ги истретираа, тоа покажува тотална катастрофа. Тој стои вака скиснат само кога е , ги крши рачињата и вака стои. Таа маса сигурно биле означени и имиња кој треба да седи таму, објаснува Петровски.

Петровски додава дека Бербок има сериозна позиција во една многу сериозна држава.

– Мисијата на Германија има зграда во Њујорк од 30 спрата, тоа е држава која пази на манифестации, пази на својата појавност и внимава на својата улога во светот. Доаѓањето на Бербок во Скопје не може да не еиспланирано до минута во нивната амбасада, материјалите се стигнати во Берлин точно до минура, и овие се еве има некои дечки, види ги у двор и изрецитирај им што треба, вели Петровски.

Митовски објаснува дека после средбата следуваше буквално лажење на јавноста, искривување на ситуацијата каде Мицкоски и потпретседателите на партијата беа ставени да чекаат во кујна, па поканети на колачиња во двор.

– Пази го лажењето после средбата. Нивните соопштенија и нивниот вординг беше дека Мицкоски на Бербок ѝ кажал дека не го убедила со неговите аргументи, тој не ѝ ги прифати аргументите на Бербок, оваа колаче му даде, колаче, не аргументи за да ги одбие, заклучува Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…