Македонските граѓани треба да бидат горди на придонесот на земјата во подобрувањето на регионалната и глобалната стабилност, вели Агелер

t

Американската амбасадорка Анџела Агелер рече дека сите граѓани на Македонија треба да бидат горди на придонесот што го дава земјата во подобрувањето на регионалната и глобалната стабилност.

– Приближно 200-те припадници на Армијата распоредени во мисиите на НАТО, ЕУ и ОН во Балканот, Источна Европа, Африка и Левантот се сведоштво за вашата посветеност на нашите споделени вредности, рече Агелер во своето обраќање на првиот Одбранбен форум 2023 и додаде дека САД се горди што нивниот персонал е распореден заедно со нашиот во многу операции надвор од земјава.

Таа истакна дека разновидните форми на придонес на земјава во Украина се пример за сојузниците во НАТО и додаде дека дејствата и активностите го истакнале основното начело дека обидот да се променат границите со сила е неприфатлив и дека мора да биде оспорен.

– Инвестирањето во модернизирањето на одбраната ја подобри вашата способност за одговор на заканите и ќе ви помогне да ги постигнете целите на способности на НАТО. Вашето учество во различни вежби и на билатерална основа и во рамките на НАТО го унапредија и подобрија елементот на човечката интероператибилност што всушност е клучно за нашата Алијанса, потенцира Агелер.

Посочи дека од Втората светска војна, светот не се соочил со ваква закана каква што е, како што рече, не провоцираната и нелегална војна на Русија против Украина.

– Здружениот одговор од страна земјите на НАТО беше извонреден. Колективната одбрана и одвраќањето се во срцето на смислата на постоењето на НАТО, рече Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…