Два земјотреси рано утринава ја стресоа Македонија!
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 12.04.2023 година регистрираше два земјотреса 70 km југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со соодветни Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1, и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…