Полска обвинyва: Германија сака ЕУ да ја претвори во Четврти рајх
Заменикот на полскиот премиер и лидер на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС) Јарослав Качињски, кој се смета за вистинскиот полски лидер од сенка, ја обвини новата германска влада дека Европската Унија сака да ја претвори во „Четврти рајх“.
Други лидери на ПиС неодамна ја употребија истата фаза за да ги опишат намерите на берлинската коалициска влада од левиот центар кон ЕУ.
Во договорот кој трите партии го склучија за формирање на германската владејачка коалиција навистина е наведено дека конечната цел е сојузна европска држава.
Тој аспект од договорот го осуди полската влада на ПиС, а Качињски дури истакна дека таквата состојба на Полска би ѝ го одзело правото на самоопределување.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја искористи неодамна посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Варшава за да ги критикува аспирациите на коалициската влада во врска со ЕУ, исто така користејќи изрази поврзани со нацистичка Германија.
Полската влада е во судир со Европската комисија поради реструктуирањето на правосудството во земја, за што ЕУ смета дека претставува политизација на судството.
Европската комисија веќе почна неколку постапки против Варшава поради правосудната реформа, а поднесе и тужби во Европскиот суд на правдата, што предизвика длабок раздор меѓу Брисел и Варшава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија ги повика своите граѓани или да…
Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Полска започна операција на границата со Белорусија
Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Полска бара земјите од ЕУ да ја…
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…