Продолжува замрзнувањето на маржата на основните прехранбени продукти
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека ограничувањето на маржата на основните прехранбени производи се продолжува до 30 јуни 2023.
-Со оваа Одлука, највисоката трговска маржа за бел леб (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.
Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.
Продолжуваме во континуитет да ја следиме состојбата и во консултација со сите засегнати страни ќе делуваме за ублажување на растот на цените предизвикан од најголемата светска енергетска криза. – информира Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…