111 години од смртта на Пере Тошев, совеста на Македонската револуционерна организација

t

На 4 мај 1912 година, кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, Кавадаречко, од турските банди подмолно бил убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Прилеп, во 1865 година.

Пере Наумов Тошев е роден во 1865 година во Прилеп, во семејство на богати и видни иселеници од Дебарско. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа продолжил да се школува во Солунската машка гимназија, од каде што во 1884 година, поради бунт бил исклучен со група од 12 ученици, меѓу кои и Ѓорче Петров. Во 1884 година завршил VI клас во Пловдивската гимназија. Истата година, во градот Станимака, Пере Тошев, заедно со Спиро Костов од Велес и Владимир Кусев од Прилеп, организирале револуционерен комитет за ослободување на Македонија и Одринско.

Неговата активност и дејност е огромна.

Во 1912 година, станало јасно дека Младотурската револуција е само еден заблудувачки потег на младотурците, со цел зачувување на интегритетот на Османлиското Царство, Пере Тошев се вратил во Софија. Во престолнината на Бугарското Царство, живеел во крајна беда и наспроти тоа, не ги прифаќал предолозите за негова издршка. Пере знаел дека секоја прифатена услуга на крајот ќе се одрази врз интересите на македонското револуционерно движење. Тој интерес секогаш го ставал над личната благосостојба. Имало денови кога Пере, гладен скитал низ Софиските улици, страден за една цигара. Во тие денови, Софија живееал со трепет од престојниот двобој помеѓу балканските сојузници и Империјата. Засилената дипломатска кативност и воени подготовки ја навестувале престојната буна.

Пере Тошев бил прекршен од гладот и мизеријата, а дипломатската поделба на Македонија на спорна и неспорна зона го убила неговиот дух. Светозар Тошев истакнува: верен на сопстевните зборовите „нема поголема среќа за мене да ги положам коските во родната земја” брза да си замине. Претчувствата за тажниот исход на српско-бугарскиот сојуз не му даваат спокојство. Тој веќе ја гледа својата земја во канџите на новиот и многу покрвожеден владетел. Напразни се усилбите на неговите другари да го отклонат од фаталното решение. Пере Тошев, одамна со раката се збогувал со животот, одговара: „еден пат се умира”.

Откако османлиското комесарство во Софија му издало патен лист, Пере заминал за Македонија. Уште во престолнината на Бугарија, бил следен од членовите на турската анархистичка организација Црвените браќа. На 21 април (стар стил) 1912 година во Дреновата клисура, во близината на железничката станица Градско бил убиен во заседа. Откако бил убиен, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот. По 5 дена роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле неговото телото да биде погребано во Прилеп. Под засилен надзор, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во селото Фариш, Тиквешко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…