„Ќе ги убијам сите свештеници“: Заканувачко писмо во Соборниот храм во Ниш
Непознат човек влегол во Соборниот храм во Ниш и оставил заканувачки писмо во кое пишува дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Тој според српските медиуми бил забележан на 7 мај од безбедносна камера на црквата, а видеото веќе кружи на социјалните мрежи.
Како што стои во описот на видеото, непознат маж со долга коса и ранец на грбот ја искористил приликата за време на крштевањето и влегол во олтарот каде оставил заканувачко писмо дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив.
Од полицијата во Ниш велат дека овој случај бил пријавен во понеделникот и дека истрагата е во тек.
Инаку денеска судот во Белград му одреди притвор на 53-годишен белграѓанец, со иницијали Л.Н. поради заканите што ги упатувал на работното место: „Нема да лаам, туку ќе направам масакр овде и тоа поголем од оној во Младеновац“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановец отстранет од домот откако и се…
Отстранет од домот кумановец кој се заканувал…
Иран со закани кон Европа: Можеме да…
Иран започна нов бран напади врз бродови…
Протести во Белград и Ниш: „Година дена,…
Денеска во Ниш и во Белград се…
Поранешната градоначалничка на Ниш останува во притвор
Вишиот суд во Ниш го продолжи притворот…
Студентие во блокада од Ниш добивале закани…
Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш…