Објавено на:

Лазаров по ждрепката за на ЕП: Добивме екстремно тешка група но да не губиме надеж

t

Македонската ракометна репрезентација денес ги доби противниците во групата „А“ за Европското првенство во 2024 година. Македонија падна во таканаречената пеколна група заедно со Германија и Франција, последната селекција е Швајцарија.

Селекторот Кирил Лазаров е свесен за тоа во каква група ќе мора да игра нашата репрезентација, меѓутоа порачува дека не смееме да се откажеме предвреме, а тој очекува напорната работа во јануари да се види на дело.

„Добиме екстремно тешка група и ќе работиме напорно да го подигнеме нашето ниво во наредниот период, да можеме барем достојно да се бориме со светските велесили во ракометот. Би звучело нескромно да се биде оптимист во ваква група, но надежта не смее да се загуби. Потребна е голема жртва и посветеност, создаваме нова компетитивна смена на генерации. Верувам во момците и очекувам да дојдат резултати од нашата работа“, изјави Лазаров.

Првиот натпревар на Европското првенство, Македонија ќе го игра на 10-ти јануари против Франција, четири дена подоцна следи натпреварот со домаќинот Германија, за во третото коло од групната фаза да се сретнеме со Швајцарија на 16-ти јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…