Ковачевски му врати на Радев: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

t

Амандманите на Уставот се дел од преговарачката рамка со ЕУ, бидејќи ние преговараме со Унијата, а не со Бугарија и затоа мислам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за тоа како ги коментира реакциите од Бугарија, по неговата изјава дека бугарскиот дискурсот кон Македонија е сличен на дискурсот што Русија го применува во Украина, тој изјави дека тоа што имал да го каже на Самитот на Советот на Европа го кажал јавно и не би го коментирал дополнително.

Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев кој истакна дека „македонското раководство може да тврди оти гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сила да ги вклучи „сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“, Ковачевски изјави:

„Откако работната група ќе ги направат амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…