Добро утро со Инфомакс: Одамна ќе изгрееше сонцето на слободата во Македонија и во светот ако не беше таа тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување на својата незаситена дрчност
Голем дел од македонските револуцинери, дејци на ВМРО, биле интелектуалци, учени луѓе кои за нивното, а и за нашето време имале напредни идеи и поинаков поглед кон светот.
Меѓу нив секако треба да се истакне и Димо Хаци Димов кој смета дека дипломатијата нема да ѝ донесе ништо добро на Македонија затоа што таа не е водена од човекољубие, туку од желба за задоволување на големите сили.
Добро утро Македонци, во продолжение прочитајте што мислеше Димо Хаџи Димов за македонското прашање:
Ослободувањето на Македонија не може да биде друго освен предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука се истакнуваат најјарко аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон несреќите на македонскиот роб, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. И нека изјавиме уште отсега дека ако на Македонија ѝ е пишано да се ослободува исклучиво по дипломатски ред, без активното учество на самите Македонци, кое е мошне неверојатно, тогаш овој „хуман”, како што ќе го наречат, акт ќе биде продукт на грубо материјални и спекулативни сообразувања. Впрочем, за ова не треба да зборуваме, зашто одбегнатата рамнотежа помеѓу државите старателки, докажано е, не се нарушува без сериозни бунтови и безредици. Овдека исто така нека изјавиме дека не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување а својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само човекољубивост ја движеше дипломатијата! Бидејќи одамна и мошне одамна постојат условите и потребните мотиви за една таква патриотска постапка од страна на силите. Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби? Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се заборават и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
Вечерва „Тешки муабети“ со Оливер Андонов
Вечерва во 21.30 часот не пропуштајте ја…
Вечерва во 18 часот „Политиканти“ со Бујар…
Вечерва во 18 часот не пропуштајте ја…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…